Достапни линкови

Заев-не се согласуваме со ваква Македонија


Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за време на обраќањето на 15-от Конгрес на партијата истакна дека неговата цел е заокружување на постулатите на политичкото делување, поставеноста и структуираноста на партијата во години што доаѓаат пред нив. Заев порача дека партијата е отворена за граѓаните од сите општествени слоеви, етнички заедници и возврасти со еднакви можности. Денес од овој 15-ти конгрес на СДСМ јавно декларираме и обзнануваме дека не се согласуваме со ваква Македонија во која денес живееме, рече Заев.
Тој ги повика сите кои се согласуваат со нивните ставови заедно да покажат и докажат дека во Македонија може поинаку, подобро и поспокојно да се живее. На Конгресот треба да биде донесен нов статут на партијата.
XS
SM
MD
LG