Достапни линкови

Разочарувачки информации од Луксембург за Македонија, оценува Ховит


Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит ги оцени како разочарувачки информациите од Луксембург дека шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок не усвоиле формални заклучоци за напредокот на земјата кон Унијата, но оти тој и неговите колеги се решени да ги продолжат напорите за побрзo почнување на пристапните преговори. „Нема да бранам одлука на ЕУ со која не се согласувам. Апсолутно го задржувам мојот став, но и ставот на Европскиот парламент дека преговорите за членство треба да почнат“ пишува Ховит. „Владата и опозицијата во Скопје мора да се воздржуваат од меѓусебни обвинувања и да ја користат нивната енергија позитивно за справување со предизвиците што претстојат.“ се додава во писмената изјава на европратеникот.
XS
SM
MD
LG