Достапни линкови

Кери во посета на Индија


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Индија ќе разговара со индискиот премиер Манмохам Синг и со други високи претставници на индиската власт. Една од темите на разговорите ќе им биде Авганистан. Индија е загрижена за закажаните повлекување на повеќето странски борбени единици од соседен Авганистан до крајот на 2014 година. Неговата посета на земјата доаѓа на само неколку денови откако Вашингтон објави дека наскоро ќе започнат разговори меѓу американските власти и талибанските претставници. Кери при пристигнувањето во Индија рече дека САД се „многу реални“ во врска со тешкотиите во Авганистан . Тој рече дека Авганистан не може повторно да стане засолниште за меѓународниот тероризам.
XS
SM
MD
LG