Достапни линкови

Ештон- има конкретен прогрес во разговорите Белград-Приштина


Високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон изјави дека Косово и Србија оствариле конретен прогрес во нормализацијата на нивните односи. Ештон ова го кажа по синоќешната средба во Брисел со премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Средбите се одржуваат во пресрет на одлуката што европските лидери се очекува да ја донесат идната недела, на 28 јуни, за тоа дали е направен прогрес за Србија да ги почне преговорите со ЕУ.
Ештон изјави дека имало прогрес во однос на повеќе прашања, вклучувајќи ги судството, полицијата и изборите.
Србија и Косово во април го потпишаа договорот за нормализација на односите.
XS
SM
MD
LG