Достапни линкови

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Виена


Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот и премиер Никола Груевски, а во која се и министерот за надворешни работи Никола Поповски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Владимир Ѓорчев, денеска присуствуваа на редовниот самит на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Виена, Австрија.
Во присуство на лидерите на земји-членки на ЕУ, како и на претседателите на народните политички партии во Европа, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија на овој Самит, кој, како што се наведува во партиското соопштение, е одлична миожност за остварување контакти и интензивна комуникација со повеќе европски лидери.
XS
SM
MD
LG