Достапни линкови

Македонија и Ерменија најдобри во борбата против трговија со луѓе


Узбекистан и Русија имаат најмала можна оценка во годишниот извештај на американскиот Стејт Департмент за трговија со луѓе во светот. Покрај Иран, овие две земји добија лоши оценки, затоа што нивните влади не го решиле и немаат планови да го решат овој проблем. Во знак на казна, Вашингтон ќе прекине дел од странската помош.
Земји кои добија втора по ред најлоша оценка се Авганистан, Украина, Албанија, Белорусија и Туркменистан.
Македонија и Ерменија добија највисока можна оценка за нивните напори во борбата со трговија со бело робје.
Според извештајот на Стејт Департментот, 27 милиони лица во светот се жртви на трговија со луѓе.
XS
SM
MD
LG