Достапни линкови

Грчкиот суд ја суспендираше одлуката за затварање на ЕРТ


Грчкиот суд ја суспендираше владината одлука за затварање на јавниот сервис ЕРТ и наложи телевизијата повторно да емитува програма додека да се реши прашањето за формирање на нов јавен сервис. Судот ја донесе оваа одлука како одговор на жалбата на синдикатот на ЕРТ кој се жалеше на изненадната одлука на владата во вторникот да се изгаси сигналот на државата телевизија. Судот ги повика одговорните министри да овозможат услови за воспотавување на „привремен“ јавен сервис додека да се реши прашањето.
Во меѓувреме грчкиот премиер Антонис Самарас и неговите коалициони партнери водат преговори за оваа тема која што предизвика лавина од реакции од меѓународни институции.
Одлуката на Самарас за гасење на сигналот на ЕРТ предизвика масовни протести изминатава недела во Грција.
XS
SM
MD
LG