Достапни линкови

Општина Центар под опсада заради црквата, која нема да се урива!


Неколку стотини луѓе протестираат денеска пред седиштето на општина Центар, противејќии се на уривање на црквата Св.Констатин и Елена.
Според нивното убедување ако се донесе Деталниот урбанистички план, општината ќе ја урне црквата која е во градба. Додека во општинските простории се чека почетокот на дебата за урбанистичкиот план, на која присуствуваат и членови на групата што протестира, пред општината стотици луѓе чекаат одговор.
На моменти тензијата се зголемува, беа искршени неколу прозорци, а вработените во општината ставаа барикади на ѕидовите.
Пред влезот стојат униформирани полицајци, а целата зграда е обиколена со припадници на специјалните единици.
Припадници на групата што протестира легитимираат и новинари и им забрануваат да си ја вршат работата.
Претходно претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ за Радио Слободна Европа изјави дека и да се донесе нов урбанистички план, изградбата на црквата нема да запре.
XS
SM
MD
LG