Достапни линкови

Бесими во Берлин по германска поддршка за старт на преговори со ЕУ


Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска е во посета на Берлин во рамки на неговата дипломатска турнеја.Бесими вчера беше во Париз, а претходно имаше средби во Лондон и во Брисел. Во рамките на неговата дипломатска офанзива е предвидена и посета на Мадрид и Даблин. Во меѓувреме според најавите што ги даде пред оваа дипломатска турнеја, се очекува тој да им испрати писма со аргументи на сите европски пратеници кои гласаа против или кои беа воздржани во однос на резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија.За време на вчерашните разговори со претставници на Франција на Бесими му било кажано дека унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи се важни за натамошно приближување кон Унијата
XS
SM
MD
LG