Достапни линкови

Во Загреб митинг на солидарност со турските демонстранти


Членови на 27 хрватски организации за заштита на човековите права денеска пред Амбасадата на Турција во Загреб изразija солидарност со турските демонстранти.
Митингот беше под наслов „Еден свет, една борба - Хрватска е солидарна со турските граѓани“. Учесниците изразија загриженост од порастот на репресии во Турција и од бруталноста на полицијата врз активистите во Истанбул, кои веќе шест денови протестираат против владата на Реџеп Ердоган во Истанбул и во други турски градови.
Организаторите на митингот се обидоа да достават писмо со поддршка, но од Амбасадата им беше одговорено дека треба да го испратат по пошта.
XS
SM
MD
LG