Достапни линкови

Најкрвав месец во Ирак во последните пет години


ОН соопштија дека повеќе од 1.000 луѓе, главно цивили, загинале во Ирак во мај. Тоа е најголем број жртви во еден месец од 2008 година. Само во Багдат загинале 532 луѓе. Според податоците на мисијата на ОН во Багдад, изминатиот месец во Ирак биле ранети 2.400 луѓе. Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Ирак Мартин Коблер ги повика ирачките политички лидери веднаш да реагираат за да се запре „неподносливото крвопролевање“.
XS
SM
MD
LG