Достапни линкови

Оланд: Унијата нема да ни диктира како да работиме


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европската Унија нема да и диктира на Франција како да работи, откако Брисел побара од Париз оваа година да ја почне реформата на пензискиот систем.
Унијата нема да ни диктира што да работиме. Едноставно Франција мора да ги среди своите јавни долгови, рече Оланд и додаде дека во однос на сруктурните реформи на пезнискиот систем, само Франција има право да каже кој е вистинскиот начин да се постигне целта. Европската Унија побара од Франција да ги спроведе реформите во замена за одобрување на двегодишно одложување на рокот за намалување на буџетскиот дефицит под три проценти.
XS
SM
MD
LG