Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Власта не сака формирање на комисијата за 24-ти декември


СДСМ ги вложува сите напори што е можно побрзо да се формира комисијата за истражување на настаните од 24 декември, стои во писмената реакција на СДСМ на денешната изјава на премиерот Никола Груевски.
- До сега предложивме седум кандидати за претседател и прифативме еден предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на ова тело. Затоа апелираме до ВМРО ДПМНЕ наместо лажна конструктивност на дело да покажат дека сакаат да се расчистат сите околности поврзани со 24 декември, стои во реакцијата. Според СДСМ, власта од една страна јавно искажува конструктивност, а од друга страна бара начин да не се формира комсијата.

Претходно, премиерот Никола Груевски изјави дека прашањето со Комисијата не било решено бидејќи СДСМ не го сака тоа.
XS
SM
MD
LG