Достапни линкови

Турска воена делегација во тридневна посета на Македонија


Домаќин на турската делегација е началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески

Домаќин на турската делегација е началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески

Делегација на Вооружените сили на Турција, предводена генерал Неџет Озел претстојува во тридневна посета на Македонија .Домаќин на турската делегација е началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. Официјалните разговори, како што информират од прес-службата на Генералштабот на АРМ, помеѓу генералите Котески и Озел предвидено е да се водат утре во Скопје. За време на престојот во ГШ на АРМ генерал Озел ќе се сретне и со министерот за одбрана, Талат Џафери. Главни теми за време на разговарите ќе биде понатамошното проширување на билатерална соработка и можностите за соработка на полето на наменската индустрија. Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, генералот Озел утре ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG