Достапни линкови

Груевски - Се надевам Жерновски по ревизијата ќе се извини


Груевски во посета на Дојран

Груевски во посета на Дојран

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски во недостаток на идеи што да работи во наредниот период најавува ревизија на проектот „Скопје 2014“ што ќе трае шест месеци, премиерот Никола Груевски како реакција на најавата за ревизија на Жерновски.
Тој посочи дека му е мило што Жерновски повторно најавува ревизија на проектот и што конечно ќе почне, но, како што рече, не му е јасно зашто му се потребни шест месеци кога ревизијата за 40-ина јавни набавки од кои најголемиот дел се споменици и за кои ја има неопходната документација може да се заврши за неколку дена, а максимум за две недели доколку ја работи само еден човек.
Груевски додаде дека се надева дека Жерновски ќе има доволно доблест откако ќе заврши ревизијата да се извини за се што говореше досега.
XS
SM
MD
LG