Достапни линкови

Беџети: се преземаат постапки за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири


Министерот за правда Блерим Беџети на денешната прес конференција изјави дека Македонија ги презема сите постапки за екстрадицијата на првообвинетите во случајот „Смиљковско езеро“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. „Ние сме во комуникација со косовското Министерство за правда. Се уште не сме официјално известени, но по сознанијата што ги имаме факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите и дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. Потоа ќе добиеме и одговор за екстрадиција“, изјави министерот, додавајќи да не се прејудицира во однос на екстрадицијата.
XS
SM
MD
LG