Достапни линкови

Осомничениот за нападот во Бостон оставил порака


Џокар Царнаев

Џокар Царнаев

Осомничениот за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон Џокар Царнаев напишал порака во која го опишува нападот како чин на одмазда за американската војна во муслиманските земји, јавува ЦБС од анонимни извори. Според телевизијата, пораката била напишана на бродот, каде беше пронајден Царнаев по нападот. Репортерот на телевизијата Џон Милер јави дека во пораката пишувало и дека жртвите биле колатерална штета на истиот начин како што биле и жртвите на американските војни во светот. Царнаев го опишал неговиот брат Тамерлан, кој загина во престрелка со полицијата како маченик.
XS
SM
MD
LG