Достапни линкови

Трајко Вељаноски во посета на Ирска


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Ирска, која претседава во Европската унија. Вељаноски, покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет, ќе биде примен од претседателот на Ирска Мајкл Хигинс, а ќе се сретне и со министерот за европски прашања Лусинда Креитон.
Собраниската делегација ќе има средба и со Заедничката комисија на Парламентот за европски прашања, со Ирско-македонската група за пријателство, како и со претставници на Македонската заедница во Ирска.
Во рамките на официјалната посета, предвидено е Вељаноски да присуствува и на седница на Претставничкиот дом на Ирска - Даил, како и на седница на Ирскиот сенат.
XS
SM
MD
LG