Достапни линкови

logo-print

Русија и САД ќе организираат конференција за Сирија


Сергеј Лавров и Џон Кери

Сергеј Лавров и Џон Кери

Русија и САД најавија дека ќе ги охрабрат бунтовниците во Сирија и владата во Дамаск да одржат разговори за политичка транзиција за завршување на речиси двегодишните крвопролевања. Ова го изјави американскиот Државен секретар Џон Кери по разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин и со други официјални претставници, меѓу кои и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Кери и Лавров рекоа дека Вашингтон и Москва ќе работат на организација на меѓународна конференција која би можела да се закаже веќе во текот на овој месец. Кери изјави дека состанокот ќе биде базиран врз планот претставен минатата година во Женева за формирање привремена влада. Женевскиот план и дозволува на секоја страна да стави вето за кандидат што е неприфатлив за неа.
XS
SM
MD
LG