Достапни линкови

Тетовско финале во македонскиот фудбалски куп


Екипата на Шкендија од Тетово ќе му биде противник на Тетекс во финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Ова е епилогот по одигрувањето на реванш-полуфиналниот дуел синоќа во Скопје, на кој Шкендија и Вардар одиграа нерешено 1:1. На првиот натпревар во Тетово беше 0:0, па голот постигнат на гостински терен беше решавачки Шкендија да се бори за трофејот.
Претходно вчера во реваншот од првата полуфинална двојка Тетекс го совлада Силекс од Кратово со 2:0. По победата на гостински терен од 1:0, со вкупни 3:0 тетовчани се пласираа во финалето на Купот на Македонија.
Финалето во кое ќе играат двете тетовски екипи е закажано за 22 мај на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
XS
SM
MD
LG