Достапни линкови

ЕУ со нова истрага за трговијата со органи во Косово


Обвинителите на ЕУ започнаа нова истрага за трговијата со органи на клиника во Приштина. Во случајот, според соопштението, се осомничени осум лица кои извршиле најмалку 23 нелегални операции на трансплантација на бубрег. Одлуката на ЕУЛЕКС доаѓа еден ден откако косовскиот суд осуди пет доктори за нелегална трговија со органи. Тројца од нив добија затворски казни, а двајца беа пуштени условно.
Обвинителите соопштија дека на донатори од Русија, Украина, Молдавија, Казахстан, Белорусија и Турција им биле нудени по 15 илјади евра за бубрег.
XS
SM
MD
LG