Достапни линкови

Европскиот суд ќе се изјасни за случајот Тимошенко


Европскиот суд за човековите права се очекува да пресуди во врска со случајот на Јулија Тимошенко.
Поранешниот украински премиер Тимошенко беше еден од клучните лидери на про демократската Портокалова револуција во 2004 година. Таа е осудена на седум години затвор во октомври 2011 година за надминување нејзините премиерски овластувања во врска со договорот за гас со Русија. Тимошенко смета дека владата на претседателот Виктор Јанукович го лажира нејзиниот случај и оти ја држи во нехумани услови.
За адвокатите на украинската влада наводите се неосновани. Европскиот Суд денеска се занимава со условите на притворот на Јулија Тимошенко. Нејзиниот случај ги залади односите меѓу Украина и западните земји.
XS
SM
MD
LG