Достапни линкови

Ирачката војска ја презеде контролата врз Сулејман Беик


Ирачките власти соопштија дека армијата ја вратила контролата врз сунитскиот град северно од Багдад откако вооружените лица се согласиле да се повлечат. Станува збор за градот Сулејман Беик кој вчера бил заземен од вооружени сунитски муслимани. Во изминативе неколку денови во овој, како и во неколку други сунитски градови имало меѓуверски судири во кои биле убиени над 150 луѓе. Сунитите тврдат дека биле дискриминирани од централната влада, предводена од шиити.
XS
SM
MD
LG