Достапни линкови

Хејгл-сириските власти употребиле хемиско оружје


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл изјави денеска дека разузнавачките агенции на земјата заклучиле дека сириските владини сили употребиле низок степен на хемиско оружје за време на двегодишната цивилна војна. Хејгл ја даде изјавата за време на посетата нa Обединетите Арапски Емирати.
Според него, Белата куќа испратила писмо до неколку членови на Конгресот во кое наведуваат дека сириските власти употребувале сарин против бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG