Достапни линкови

Најмалку една жртва во земјотресот во Авганистан


Најмалку едно лице загинало, а 60 биле повредени во земјотресот што го погоди Авганистан. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри од Џалалабад во близина на границата со Пакистан. Пакистанскиот меторолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 6,2 степени. Силни потреси биле почуствувани во Кабул и Исламабад.
XS
SM
MD
LG