Достапни линкови

Фасадата на Владата ќе чини над 9 милиони евра


Почнува реконструкцијата на фасадата на зградата на Владата на Македонија која треба да се спроведе во период од една година, соопшти денеска владината прес-служба. Реализацијата на целиот проект ќе се одвива во три фази. Првата ќе биде конструктивниот дел, втората е нанесувањето на фасадата и третиот дел е осветлувањето на објектот. Вкупните градежни активности ќе чинат 9.299.052 евра.
Изградба, според соопштението, ќе обезбеди повеќекратен бенефит, вклучувајќи го естетскиот момент, заштедата на енергија и дополнително зацврстување на сигурноста на самиот објект.
XS
SM
MD
LG