Достапни линкови

Николиќ - Договорот со Приштина е единствено можно решение


Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Постигнатиот договор е единственото можно решение, што гарантира мирен живот за нашите луѓе и тоа дека Косово нема да биде признаено во Обединетите нации, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ, коментирајќи го постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина, објави српската државна телевизија РТС.

Николиќ нагласи дека во преговорите во Брисел под вакви околности не е можно да се постигне подобро решение, додавајќи дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Тој истакна дека Србија се изборила за заштита на српските општини и нивното право да управуваат со својот живот, да имаат безбедна врска со татковината, како и дека граѓаните се тие што треба да кажат дали се задоволни со тоа или не.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека Србија никогаш нема да го остави својот народ, додавајќи дека одлуката за предложениот договор, што државното раководство и Владата ќе ја донесат во понеделник, треба да биде единствена.

„Ова решение подоцна би требало да биде потврдено и од Парламентот“, рече Дачиќ.

Предложениот договор е најдоброто можно решение, истакна српскиот премиер. За првпат меѓународно се признати Северот и Унијата на Срби на Косово, што досега се нарекуваа „парламентарни институции“, оцени Дачиќ.

Тој, сепак нагласи, дека Србија нема да го промени својот став за независноста на Косово, како и дека никогаш нема да го остави својот народ.
XS
SM
MD
LG