Достапни линкови

Ештон утре во посета на Македонија


Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон утре попладне ќе ја посети Македонија во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни.
Се очекува таа во Скопје да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски. Делегацијата на ЕУ во Скопје информира дека Ештон ќе има прес-конференција во ЕУ Инфо центарот во 19:15 часот.
XS
SM
MD
LG