Достапни линкови

Обама и Бан Ки Мун разговарале за Северна Кореја


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе ја искористат дипломатијата за да ги ублажат тензиите со Северна Кореја, но Вашингтон, исто така, ќе ги преземе „сите неопходни чекори“ за заштита на Соединетите Американски Држави и нејзините сојузници. Изјавата на Обама уследи после неговиот разговор за Северна Кореја со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој повика Кина и другите земји кои имаат влијание врз Северна Кореја да го убедат раководство да ги намали тензиите. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го потресе поголемиот дел од Азија, со закани дека ќе започнат нуклеарен напад. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери треба да пристигне во Сеул за да разговара за кризата со јужнокорејските лидери.
XS
SM
MD
LG