Достапни линкови

logo-print

Македонските ракометари поразени од Шпанија


Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација

Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација вторпат во пет дена загуби од светскиот првак Шпанија. Попладнево во Гвадалхара во натпревар од 4.коло во квалификациите за Европското првенство 2014 домашната репрезентација беше поуспешна од Македонија со 29:17. Македонија на овој дуел настапи без повредените Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Владо Недановски и Кирил Лазаров.
За да го освои второто место кое обезбедува учество на еврошампионатот во Данска македонската репрезентација треба да ги победи Швајцарија и Португалија и да чека поволни резултати од натпреварите на Португалците.
XS
SM
MD
LG