Достапни линкови

Бесими–Лалакос: Евроинтеграциите важен процес


Aмбасадорот на Република Грција во Македонија, Харис Лалакос

Aмбасадорот на Република Грција во Македонија, Харис Лалакос

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска со амбасадорот на Република Грција во Македонија, Харис Лалакос разменија мислења за преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес, како и во делот на унапредување на добрососедските односи, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот Бесими и амбасадорот Лалакос изразиле подготвеност за продлабочување на соработката меѓу двете земји и нејзино интензивирање на билатерален план и во делот на евроинтегративниот процес.
XS
SM
MD
LG