Достапни линкови

Критики од Србија по состанокот во Брисел


Високорангиран српски државен службеник ги обвини лидерите на косовските Aлбанци за неуспехот во преговорите под медијаторство на Европската унија за иднината на северот на Косово. Претседателскиот советник Марко Ѓуриќ, по средбата на српските лидери, изјави дека Албанците ги одбиле српските предлози на состанокот во Брисел кој заврши во средата. Претходно косовскиот премиер Хашим Тачи рече дека предлозите на неговата делегација биле примени со негодување од страна на Србија.
XS
SM
MD
LG