Достапни линкови

Израел го потврди воздушниот напад врз Појасот Газа


жени во израелската армија

жени во израелската армија

Израел изврши воздушни напади врз цели во Газа за прв пат по прекинот на огнот во Ноември 2012 година.
Милитантната група Хамас која владее со Газа соопшти дека израелски авион нападнал цели во северна Газа и оти нема жртви. Израелската армија го потврди нападот наведувајки дека станува збор за напад врз две терористички цели.
Претходно вчера, Израел соопшти дека три ракети биле истрелани од палестинска територија. Засега никој не ја презел одговорноста за овие напади.
Во меѓувреме 63 годишниот палестински затвореник Абу Хамдија починал од рак на грло во затвор во Хеброн, а за неговата смрт палестинците го обвинија Израел.
XS
SM
MD
LG