Достапни линкови

САД ги поздравија мирните локални избори


Американскиот Стејт Департмент го поздрави завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилни инциденти. „Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април“, стои во првичната реакција на Стејт департментот. Од Стејт департментот информираат дека Американската амбасада во Македонија, за овој изборен круг, имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
XS
SM
MD
LG