Достапни линкови

Украинскиот премиер завеан од снег


Украина.

Украина.

Автомобилот со кој се превезувал премиерот на Украина Микола Азаров бил завеан со снег, јавуваат тамошните медиуми. Автомобилот заглавил на пристапот кон мостот Дарнитски во Киев. Возачот на премиерот и телохранителите биле принудени со лопата да го отстрануваат снегот и да го ослободат автомобилот. Украина два дена се бори со снежната бура која го парализираше сообраќајот и предизвика прекини на електричната енергија. Метеоролозите велат дека временските услови треба да се подобрат во наредните денови.
XS
SM
MD
LG