Достапни линкови

Охрид: најдено избирачко ливче „Градоначалник на Карпош“


На избирачкото место 1253 Зоил Македонија - Охрид, членовите на Избирачкиот одбор констатираа две гласачки ливчиња на кои пишувало Градоначалник на Општина Карпош, јавува дописникот на РСЕ од Охрид.
По реакцијата на набљудувачите ливчињата веднаш биле отстранети. Од Општинската изборна комисија во Охрид ја потврдија оваа информација и рекоа дека станува збор за само едно ливче кое веднаш било отстрането и гласањето продолжило да се изведува нормално. За ова веднаш била известена и Државната изборна комисија.
Инаку во Охридско за сега како што информираат од ОИК во Охрид, гласањето се изведува во нормална и мирна атмосфера. Од таму рекоа дека немаат информации дека граѓани од соседна Албанија се носеле организирано со автобуси и комбиња за да гласаат во Охрид.
XS
SM
MD
LG