Достапни линкови

Обама го повика Израел на компромис за постигнување мир


Американскиот претседател Барак Обама при посетата на Израел

Американскиот претседател Барак Обама при посетата на Израел

Американскиот претседател Барак Обама го повика Израел да признае дека компромисот е неопходен за да се осигура мирот и безбедноста во еврејската држава. Говорејќи пред студентите во Ерусалим, Обама рече дека мирот на Блискиот Исток е единствениот вистински пат и доколку Израел сака да напредува како демократска држава тоа може да го постигне само преку реализацијата на независна и одржлива Палестина.
Обама порача и дека палестинците имаат право на самоопределување и правда.
XS
SM
MD
LG