Достапни линкови

БЛОГ - Локални избори 2013

Резултати од гласањето, одзивот, реакциите на политичките партии, на посматрачите, информации, видео, фотографии. Бидете со нас ...

23:30 24.3.2013

СДСМ - Во Битола се случува голема драма


СДСМ води во Делчево, Куманово, Велес и во Карбинци, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев. Тој изјави дека наспроти тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ победува во прв круг во Струмица, како и во Ранковце. Што се однесува за Битола, за која ВМРО-ДПМНЕ објави победа во прв круг, Георгиев вели дека таму се случува голема драма.
23:18 24.3.2013

Тачи - ДПА оди во втор круг во Тетово


Не ги добивме овие избори, но имаме 21 илјади гласови повеќе од парламентарните избори во 2011 година, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи. Тој рече дека ДПА победува во Струга и се надева на победа во Тетово во вториот круг. Според него, ДПА оди во вториот круг во Студеничани, Неготино-Врапчиште, Долнени и Теарце.
22:48 24.3.2013

ДУИ прогласи победа во Дебар, Желино, Пласница и Боговиње


Демократската унија за интеграција (ДУИ) доби градоначалнички места во првиот круг во Дебар, Желино, Пласница и Боговиње, информира портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
22:39 24.3.2013

Цивил - Голем број неправилности

Цивил - Голем број неправилности
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:36 0:00

Голем број неправилности и злоупотреби, регистрираа набљудувачките тимови на Цивил – Центар за слобода, што во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори го следи денешното гласање.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG