Достапни линкови

СДСМ со нови претставки до ДИК и Антикорупциска


Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека партијата доставила нови претставки до Државната изборна комисија и Антикорупциската комисија за испитување на случаи на злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања во јавните институции.
Од СДСМ бараат да се покренат прекршочни постапки за 73 случаи за злоупотреба на буџетски пари од страна на власта и нејзините кандидати, затоа што со поставувањето камен темелници и отворање на инфраструктурни објекти среде кампања го прекршиле Законот за спречување на корупцијата. Бараат да се поведат прекршочни постапки и за огласите што биле објавени по распишувањето на изборите, со кои треба да се вработат 164 лица во државни и јавни институции и 930 лица преку програмите за самовработување.
XS
SM
MD
LG