Достапни линкови

logo-print

Кличко бара од ЕУ и САД санкции за некои украинци


Лидерот на украинската партија Удар, Виталиј Кличко, ја повика Европската Унија да примени индивидуални санкции за оние украински претставници, кои стојат зад политички репресии, кршење на човековите права и селективна правда. Кличко во Брисел оцени дека некои Украинци ја водат земјата кон диктатура и меѓународна изолација и оти не треба сите да бидат заложници на таквите политичари. Кличко сличен предлог вчера во Вашингтон му изнесе и на американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс.
XS
SM
MD
LG