Достапни линкови

logo-print

Осуетен голем терористички напад во Авганистан


Кабул, 15.03.2013.

Кабул, 15.03.2013.

Авганистанската разузнавачка агенција денеска соопшти дека безбедносните сили во Кабул деактивирале камион бомба во кој имало скоро осум тони експлозив. Агенцијата наведува дека нападот бил испланиран од мрежата Хакани која е поврзана со Ал Каеда и со талибанците во Пакистан. Камионот бил откриен оваа недела во источниот дел на Кабул и при акцијата биле убиени петмина терористи . Според експертите, експлозивот во камионот би можело да уништи подрачје во радиус од километар ипол.
XS
SM
MD
LG