Достапни линкови

Нема договор за заедницата на српски оштини во Косово


Српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ по разговорите со високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон порачаа денеска дека се уште не е постигнат договор меѓу Белград и Приштина за заедницата на српски општини, бидејќи и натаму нема согласност за надлежностите на заедницата. Николиќ изрази оптимизам и изјави дека има надеж за постигнување на решение. Според него, дијалогот ќе продолжи во Брисел на 20 март и постои можност до тогаш да се појави извесен „нон-пејпер“ документ базиран на мислења на Приштина и Белград.
Дачиќ изјави дека во овој момент не е едноставно да се одговори дали во дијалогот има напредок бидејќи и натаму постојат разлики.
XS
SM
MD
LG