Достапни линкови

Коцијанчич-дијалогот меѓу Белград и Приштина е во клучна фаза


Средба на шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и со косовскиот и српскиот премиер, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ

Средба на шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и со косовскиот и српскиот премиер, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ

Дијалогот меѓу Белград и Приштина влегува во клучна фаза и во интерес на двете страни е да се постигне компромис, изјави денеска портпаролот на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич. Според неа, нема многу време за компромис и тоа го знае ЕУ и премиерите на двете земји.
Европската комисија кон средината на април ќе поднесе извештај за текот на дијалогот, по што Европскиот совет ќе реши дали на Србија ќе и додели статус на држава-кандидат за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG