Достапни линкови

logo-print

Груевски: Македонија положи сериозен тест


Република Македонија положи сериозен тест на зрелост и избегна опасен преседан, рече премиерот Никола Груевски вечерва на прес-конференција на која што го обзнани тоа што било договорено на денешната средба со европската тројка кај претседателот Иванов.
Петте утврдени принципи се да се врати нормалниот политички живот, со враќање на сите партии во Собранието и нивно учество на локалните избори, да се обезбеди дополнително време за доставување на кандидатските листи за градоначалници и советници без одлагање на денот на изборите 24. март и да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно политичка ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната за настаните од 24 декември и, како што рече, да продолжат разговорите со добра волја за сите опции и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори.
Груевски рече дека доколку се појават шпекулации и инсинуации кои се надвор од утврдените точки за кои се согласиле сите на денешната средба, треба да се третираат како дневна политика. Очекува фер локални избори
XS
SM
MD
LG