Достапни линкови

Состојбата со браната Слатино непроменета


Центарот за управување со кризи денeска соопшти дека состојбата со браната на акумулацијата Слатино се уште е непроменета и оти се преземаат соодветни мерки за да не дојде до нејзино целосно уривање. Од Центарот апелираат до средствата за јавно информирање да не излегуваат со информации кои не се проверени од надлежен орган, со цел непотребно да не се создава паника во јавноста. Вчера екипа на Ценатрот од Охрид препорача да се изврши контролирано испуштање на вода од акумулацијата преку испустните цевководи. Вкупното оштетување на браната во овој момент, како што се додава во соопштението, било со должина од 15-20 метри од круната на браната.
XS
SM
MD
LG