Достапни линкови

Груевски му одговорил на Филе - Опозицијата е виновна


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски одговори на писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„Премиерот Груевски изрази и жалење за потешкотиите за надминување на политичките предизвици произлезени од настаните на 24 декември и деструктивното однесување на опозицијата, истакнувајќи дека е свесен за тоа каков ризик се отвора за споменатата можност во контекст на европската агенда. Истакнувајќи дека еврокомесарот Филе е добро запознаен со сите наши обиди и заложби за придвижување на работите и надминување на состојбите дури и кога наспроти нашата отвореност, подготвеност за дијалог и компромис наидуваме на несериозен и нерационален пристап од другата страна“, се вели во пишаната изјава на Ѓорѓиев.

Груевски напишал дека владата останува одговорна, отворена и посветена за продолжување на делувањето согласно јавно искажаните принципи и за евентуални конкретни предлози од било кого, вклучувајќи конкретни предлози и од страна на Филе, информира Ѓорѓиев.
XS
SM
MD
LG