Достапни линкови

Експлозија во центарот на Дамаск


Дамаск 21.02.2013

Дамаск 21.02.2013

Државните медиуми во Сирија јавија дека имало голема експлозија во центарот на главниот град, Дамаск. Полицијата соопшти дека автомобил бомба експлодирал во близина на седиштето на владејачката Баат партија и Руската амбасада.
Според државните медиуми, станува збор за терористички напад термин што често се користи за напади од страна на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал-Асад. При експлозијата имало жртви, но засега нема информации за колку загинати станува збор.
Државната телевизија покажа опожарени автомобили и неколку безживотни тела. Руската амбасада во Дамаск соопшти дека некои од прозорците биле скршени од експлозијата.
XS
SM
MD
LG