Достапни линкови

logo-print

Опозицијата планира „активен бојкот“ на изборите


Архивска фотографија: Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ.

Архивска фотографија: Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ.

Коалицијата Сојуз за иднината в недела во Куманово ќе одржи политичка конвенција на која ќе ги реафирмира основните политички принципи и ставови што ќе ги застапува во наредниот период. На денешната прес-конференција, Игор Ивановски како член на Извршниот одбор на СДСМ истакна дека конвенцијата ќе го означи почетокот на операционализација на планот за активен бојкот.

„Наша примарна цел е да им објасниме на граѓаните зошто оваа форма на политичко дејствување и пружањето отпор е единствениот начин за земјата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока“, рече Ивановски.

Тој најави дека ќе користат различни форми на протестни активности кои, како што рече, ќе бидат соодветен одговор на кампањата на власта.
XS
SM
MD
LG