Достапни линкови

Продолжува дијалогот Дачиќ-Тачи во Брисел


Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ со шефицата за надворешни работи на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел.

Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ со шефицата за надворешни работи на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел.

Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ денеска ги продолжуваат разговорите под посредство на ЕУ во Брисел. По вчерашните разговори немаше соопштение за јавноста. Двајцата премиер прво одделно се сретнаа со шефицата за надворешни работи на ЕУ Кетрин Ештон, а потоа заеднички ги продолжија разговорите со Ештон. Косовските Срби и северот на Косово се главни теми на петтата рунда разговори меѓу Дачиќ и Тачи. Белград не го признава Косово, но подобрувањето на односите со Приштина е услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија.
XS
SM
MD
LG