Достапни линкови

Чавез се врати во Венецуела по третманот на Куба


Хавана

Хавана

Претседателот на Венецуела Уго Чавез ненајавено се врати во земјата по два месеца минати на Куба каде врз него беше направена операција на рак. Тој за враќањето испрати порака по твитер – „Пристигнавме во татковината, му благодарам на господ и саканитите луѓе. Мојот третман продолжува тука“. На 58-годишниот Чавез му беше дијагностициран рак во 2011, мина три операции, се прогласи за здрав и доби уште еден 6-годишен мандат на изборите во октомври.
Неговата инаугурација беше одложена на 10 јануари. Тој е 14 години на чело на Венецуела и изгради добри односи со земји како Иран и Сирија.
XS
SM
MD
LG